Фраерот Ким Џонг Ун гордо аплаудира додека женските војници од Северна Кореја изведуваат „ритуали“ за големиот водач

Каква љубов, кои емоции! Оваа бизарна снимка ја прикажува групата жени од Северна Кореја кои пејат и танцуваат за својот лидер Ким Џонг Ун. Вооружени со хармоника, гитара и комплет тапани, униформните жени му приредија шоу додека тој седи зад бирото.

Ким првин изгледа неимпресиониран од настапот, но подоцна стана да им аплаудира, па дури и се фотографираше со нив, а едната од нив и ќе се степаше за капата. Ниту Бред Пит не добива ваков третман како мажиштето Ким.

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.