Фраерот никако не може да си најде девојка, па реши тоа да го направи на „театрален“ начин

Марк Роф од Шефилд, веќе подолг период е без девојка и изгубил надеж од апликациите за запознавање и социјалните мрежи.

30-годишниот маж решил на малку подиректен начин да ги извести девојките дека тој е слободен и да си ја побара „сродната душа“.

Марк кој работи во маркетинг секторот останал „последниот член“ од неговото друштво кој нема девојка, така тој решил да влоши стотици евра за да ја најде. Самецот се изрекламирал на билборд со надеж дека така ќе најде девојка.

Тој платил 500 ева за билборд широк 6 метри среде Манчестер, Велика Британија, каде бил прикажан неговиот „љубовен оглас“. Покрај фотографија од ергенот на билбордот пишува: „Сингл? Бидете во врска со Марк. Ова може да биде знакот што го чекавте. Посетете го DatingMark.co.uk.“

Огласената веб-страница открива цела низа информации за 30-годишникот и ги поканува посетителите да се „пријават“ за состанок со него. На страницата, Марк се опишува како „исклучително убав и скромен“. Тој исто така открива лични детали, како на пример дека е висок 182см, со големи нозе и показалец од 6,82 см, очигледно Марк е суеверен… А исто така бојата на очите ја опишал како „# 4e4f5f“, што, според Гугл, е темно, сиво-сино.

Марк, исто така, може да се пофали дека има двајца пријатели и бакнал сѐ на сѐ 3 девојки во својот живот. Маркетинг работникот им дава на посетителите на веб-страници повеќе шанси да аплицираат за состанок. Досега 124 лица се пријавиле. Сепак Марк вели дека половина од нив се мажи, а тој сака само жени, но сепак вели дека е „многу поласкан“.