Фраерот редовно си протестира со знак за работите кои прилично го иритираат (и не само него)
Веќе сите се навикнавме на секаков вид на протести со знаци и пароли. Епа ова момче не мисли дека му треба специјален повод за да си протестира и да си го искаже „револтот“ за секојдневните работи кои го нервираат.
Тој се шета низ улиците на Њујорк со различен знак секој пат и е познат како „Дечкото со знак“, да така му е и Инстаграм профилот. Ние собравме неколку од неговите „најдобри протести“ па изберете си го фаворитот:
Престанете да станувате кога ќе слета авионот
Да се наплатат 15 долари за чинија салата треба да биде нелегално
Ставете повеќе чипс во кесата
Престанете да објавувате цели концерти на вашите сториња
Да, бабо сѐ уште немам девојка
Да, Нетфликс сѐ уште гледам
Престанете да користите групни фотографии за профилите за запознавање
Не ми праќајте мемиња од приватни профили
Зошто изгледа како Меркур секогаш да е ретрограден?