Фраерот реши да се пошегува дека не ја видел „сопругата“ со која се „оженил“ во градинка, но Интернетот има свои начини

Симпатиите од детсвото се најслатки. Но, ретко кој очекува дека навистина ќе стапи во брак со својата симпатија и тоа буквално на возраста на која му се допаднала, не зборуваме за иднината. 20-годишниот Џек Калоу од Бакингемшир, Велика Британија, твитна четири фотографии од себе и неговата соученичка од градинка, која воедно му била и симпатија.

Додека биле во градинката тие се играле „младенци“. Децата биле младенци, имале венчавка со гости па дури и свештеник.

Бидејќи свадбата се случила пред 16 години, сеќавањата на денот и не му се баш најјасни. Тој само се сеќава дека ја запросил зад дрво и дека потоа градинката одлучила да им организира венчавка. Сите деца биле свечено облечени, а биле присутни и родителите.

Твитот на Џек гласел: „Значи се оженив во градинка лооол, не сум ја видел сопругата 16 години, не е чудно што имам проблеми со врзување.“

Твитер сепак е „магично место“ и бидејќи многу луѓе го споделиле неогвиот твит Џек ја пронашол сопругата.

Неговата сопруга од детството е Рена Јутла, која сега има 21 година, студентка од Бакингемшир. Таа била навистина шокирана од тоа колку брзо приказната стана вирална. Бидејќи прв пат ги видела овие фотографии, таа се смеела на нив и мислела дека се слатки.