Франција воведува целосна забрана за пушење на речиси сите јавни отворени простори

Франција од 1 јули ќе воведе забрана за пушење на речиси сите надворешни јавни простори кои ги посетуваат деца, како плажи, паркови, автобуските постојки и простори околу училиштата. Министерката за здравство и семејство, Катрин Вотран, изјави дека „децата имаат право да дишат чист воздух“, објаснувајќи ја новата, ригорозна мерка.

Казната за непочитување на забраната ќе изнесува 114 евра. Иако електронските цигари засега не се опфатени со забраната, Владата најави и други мерки за ограничување на нивната употреба, вклучително и намалување на нивото на дозволен никотин и намалување на бројот на достапни вкусови.

 

Франција воведува целосна забрана за пушење на речиси сите јавни отворени простори

Стратегија за „генерација без тутун“ до 2032 година

Новите мерки се дел од Националната анти-пушачка програма на Франција за периодот 2023–2027 година, која има за цел да создаде „генерација без тутун“ до 2032 година. Иако многу градови во Франција веќе самостојно воведоа забрани за пушење на јавни места (повеќе од 1.500 општини), сега Владата ја централизира иницијативата.

Пушењето во затворени јавни простори како ресторани и клубови е забрането уште од 2008 година. Но, планираната забрана за пушење на јавни простори како паркови и плажи, која требаше да стапи на сила минатата година, беше одложена поради недонесување на соодветна правна одлука.

 

Стратегија за „генерација без тутун“ до 2032 година

Соседна Шпанија и Велика Британија исто така ги засилуваат мерките

Истовремено со француската одлука, и Шпанија најави проширување на зоните без чад, вклучувајќи тераси, универзитетски кампуси, службени возила и отворени ноќни клубови. Законот моментално се подготвува од Министерството за здравство и треба да биде изгласан во парламентот.

Во Обединетото Кралство, пак, од 1 јуни стапува на сила забраната за продажба на еднократни електронски цигари. Владата предупредува на ризик од проширување на црниот пазар, бидејќи многу млади се веќе зависни од ароматизирани вејпови.
Исто така, пушењето останува забрането пред училишта, болници и детски игралишта – дел од пошироката стратегија за јавна заштита од тутунскиот чад.

 

Соседна Шпанија и Велика Британија исто така ги засилуваат мерките

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *