Француски инженер веќе 8 години не плаќа струја: Како успеа да создаде автономен енергетски систем од стари батерии
Во време кога цените на енергијата постојано растат, еден Французин успеа да го направи невозможното – да живее целосно независен од електричната мрежа и тоа без да троши богатство. Симон Алоно, инженер познат на интернет под прекарот Glubux, повеќе од осум години не платил ниту еден денар за струја. Неговиот тајна? Уникатен, самостојно изграден енергетски систем што работи на соларна енергија и стари батерии за лаптопи.
Содржина:
Првите чекори кон енергетска независност
Во 2016 година, Симон одлучил да се откаже од традиционалното снабдување со електрична енергија и започнал амбициозен проект. Системот што првично го инсталирал се состоел од:
• Соларен панел со капацитет од 1,4 kW
• Стара индустриска батерија од виљушкар (24V, 460Ah)
• MPPT контролери Victron 100/50
• Конвертор на напон од 24V на 12V
• Инвертер со моќност од 3 kVA
Сите компоненти биле сместени во барака изградена на 50 метри од куќата. Наместо скапи батериски системи, Симон почнал да собира стари батерии од лаптопи, кои ги сортирал по капацитет и ги споил во батериски блокови од по 100Ah.
Совршенство постигнато со време и посветеност
Во текот на осум години, Симон го унапредувал својот систем до максимален капацитет. Денес, неговата инсталација се состои од:
• 650 батерии
• 24 соларни панели со капацитет од по 440 W
Овој систем обезбедува доволно енергија дури и во студените зимски месеци. Благодарение на флексибилниот дизајн, тој лесно може да заменува неисправни батериски ќелии, да го балансира напонот (на 3,8 V по елемент), и да го тестира целиот систем под оптоварување (на пример, кога работи правосмукалка со моќност од 1200 W).
Инженерски пристап за одржлива иднина
Наместо класични осигурувачи, Симон користи отпорници од 1 ом за заштита од кратки споеви, што овозможува полесно лоцирање на дефектни ќелии преку мерење на падот на напонот. Целиот систем е резултат на прецизно инженерство, без скапи компоненти, со користење на рециклирани материјали.
Преку својот проект, Glubux не само што обезбедува енергија за сопствениот дом туку и инспирира илјадници луѓе ширум светот да размислат за алтернативни решенија. Неговиот пример покажува дека одржлива енергија не е привилегија на големите корпорации – таа е достижна за секој со малку знаење, упорност и креативност.
Оваа независност во Франција е можна, кај нас во Македонија, се сомневам!
Прво ќе треба да се извади дозвола. Следува лутање кој е надлежен: ЕВН, општината, град Скопје, Министерство за енергетика… Тука највеќето се откажуваат и се селат во Франција!
Упорните, продолжуваат… фаќаат врски преку братучедот на комшиката брат…
На крај сигурно постојат давачки (како парно, си го откажал, но ќе плаќаш), поскапи од месечната сметка!
Грешка. За автономни системи НЕ ТРЕБА никаква дозвола. И во Македонија.
Треба дозвола од општината или ќе ти дојдат да те проверат како кај мене во општина Гази баба Целиот мој систем е независен од ЕВН
VASE ! IZGLEDA NE SI BILA VO FRANCIA JAS SUM
55 GODINI. VO FRANCIA NISTO NEE DOZVOLENO
DA KORISTIS AKO NE PLACAS NEKOJA TAXA KE TI NAJDAT ROGOJ NA SITE STRANI I CE MORAS DA SE OTKAZIS,AKO IMAS DVOR NEMAS PRAVO
BUNAR DA KOPAS NEMOZIS KAKO KAJ NAS DA
NABIVAS CEVKI NE OGRANICENA DLABOCINA OVDEKA E 50cm DRUGOTO NEE TVOE, A AKO IMAS SRECA DA NAJDIS NAFTA ODMA CE TE ISELA OD DOMA NAFTATA E DLABOKA A DLABOCINATA E DRZAVNA. I USTE POLNO TAKVI RABOTI BEZ TAXA OVDEKA NEMA NISTO!.
Treba samo um, razum, kreativnost, želba i entuzijazam. Sè drugo e vetar i magla
Ako koristis sonceva energija nikoj nisto ne ti moze da ti naplati mozi samo da te ubijat hahaha
Коментирај анонимно