„Францускиот Екскалибур“ мистериозно исчезна од карпата во која стоеше заглавен 1.300 години
Познатиот „француски Екскалибур“ меч, познат како Дурандал, исчезна од карпата во која беше заглавена цели 1.300 години. Француската полиција го истражува исчезнувањето на овој легендарен меч, кој често се нарекува француска верзија на Екскалибур.
Не се знае многу за тоа како мечот се заглавил во карпата, особено што се наоѓал на 10 метри од земјата. Мечот, за кој се вели дека може да расцепува карпи со еден удар, наводно му припаѓал на легендарниот витез Роланд, од епската поема „La Chanson de Roland“. Приказната, сместена во 778 година, раскажува како ангел му го дал мечот на Карло Велики, кој потоа му го дал на својот внук Роланд.
Според легендата, Роланд се обидел да го скрши мечот за да го заштити од непријателите, но кога го фрлил, тој за чудо слетал во карпата кај Рокамадур и останал таму 1.300 години – до сега.
Дурандал беше главна атракција за аџиите и туристите во градот Рокамадур. Локалните жители се шокирани од кражбата, бидејќи мечот бил заглавен во карпа високо над земјата и обезбеден со синџир.
Доминик Ленфант, локалниот градоначалник, изјави за францускиот весник La Dépêche: „Ќе ни недостасува Дурандал. Рокамадур се чувствува како да е ограбен дел од него. Дури и да е легенда, судбините на нашето село и овој меч се испреплетени“.
– WD 40, cuda pravi!
Коментирај анонимно