Француско семејство се пресели од град во шума за да ги заштитат децата од загадувањето

Во 2019 година, сопружниците Каролин Перец и Џонатан Атиас се преселија од пријатниот градски стан во француската општина Шасто во куќа во шумата. Во тоа време, нивната најмлада ќерка имала шест месеци, а најстарата имала 5 години. Сега децата пораснаа, но семејството одбира да остане во шумата. Тие живеат во мала куќарка која сами си ја изградиле, ги учат децата да ја сакаат природата, а што се однесува до образованието сами ја подучуваат постарата ќерка. Тие одат во градот неколку пати во месецот за да купат учебници и храна. Велат дека не им е важен урбаниот живот, туку нивните деца да дишат чист воздух.