Французинот успеа да истрча 42 километри на БАЛКОНОТ за да му помине времето во изолација

Сите препорачуваат за време на изолацијата да останеме активни да вежбаме и да се движиме, но овој Французин ги сфатил работите премногу сериозно. Елиша Нохомовиц помина скоро седум часа – шест часа и 48 минути, поточно за да истрча 42,2 километри околу неговиот седум метри долг балкон во Тулуз, Франција.

32-годишникот сакаше да ги следи советите што ги дадоа експертите „да остане дома“ иако вели дека гледал многу луѓе како ги напуштаат своите домови за да одат на џогирање. Сепак тој одлучил да не биде еден од нив, но да остане фит во исто време.

Иако вели дека неколку дена по „балконскиот маратон“ го болеле нозете сепак тој е искусен во ова поле бидејќи има трчано на 36 маратони.