Фризерка од Шабац за еден ден заработила 95.000 денари со својата необична идеја да привлече дури 300 клиенти

Бидејќи фризерскиот занает станува се почест избор на младите да започнат бизнис, сепак, за да преживеат, потребна е и генијалност. Ова секако не ѝ недостига на фризерката Верица од Шабац која за само еден ден со интересна идеја успеа да привлече дури 300 муштерии.

„Пред шест месеци забележав дека илјадници Кинези дојдоа во Шабац, бидејќи се отвори фабрика. Секој ден минуваат стотици од нив, дури илјадници, но ниту еден не доаѓа да се шиша“ – вели Верица.

 

Затоа дошла на одлична идеја и решила да купи табла, на која напишала нешто што за само еден ден привлекла неверојатен број клиенти .

„Си размислувам, 1.000 кинези по 600 динари (300 денари) е еднакво на Дубаи за 15 дена полн пансион. И, добро, нема да бидам мрзлива, ќе ја побарам таа табла со креда и ќе ја преведам на кинески и ќе напишам на неа „шишам со кинеска музика“ и ќе ја ставам пред салонот. Следните три часа седам и закажувам Кинези, 300 од нив дојдоа да се шишаат“ – заклучува Верица.

 

  • Васе напиша:

    Имав една другарка која уште во Средно почна да шиша кај неа дома во ходник! Примаше и машки и женски! На нас машките ни беше интересно да не шиша женско, па наваливме… И по кратко време, шо се случи! Девојчето не може да стигне да ги услужи сите, па почна со закажување! Тоа беше тепачка, за термин! По 2 години си купи простор и отвори фризерски дуќан! Е, тоа е смисла за бизнис! Така почна и Бил Гејс, во гаража во средно!!!

  • Васе напиша:

    Мислам, William Henry Gates III (born October 28, 1955) започна со Microsoft, не со шишање, да биде појасно.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *