Фудбалерката Маделин Рајт повторно во центарот на вниманието со смели фотографии

Фудбалерката Маделин Рајт ги остави своите фанови без здив откако сподели неколку провокативни слики на социјалните мрежи.

 

Рајт, која се врати на својата фудбалска кариера ова лето, неодамна се приклучи на женскиот тим на Чешам Јунајтед, откако претходно играше за Лејтон Ориент. Таа исто така има голема публика на Инстаграм со 324.000 следбеници.

 

 

Во август, Рајт го најави своето враќање на платформата X (поранешен Твитер), велејќи: „Огромно лично достигнување за мене по долга пауза од фудбалот, повторно да играм во конкурентна лига и да напредувам три нивоа повисоко. Навистина сум благодарна и возбудена за иднината со овој клуб“.

 

Чешам Јунајтед исто така ја сподели веста на социјалните мрежи, пофалувајќи ја како „вешта, креативна играчка“ и истакнувајќи дека клубот, предводен од тренерот Мани Асаре, е совршено место за да ѝпомогне да се врати во најдобра форма.

 

Иако нејзината фудбалска кариера изгледаше несигурна пред овoј трансфер, Рајт продолжи со својата онлајн кариера како модел. Неодамна објави две провокативни фотографии на Инстаграм и ако не успее во фудбалот, дефинитивно ќе успее во нешто друго…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *