Фудбалерот Виктор Осимхен доживеа ужасна повреда на окото што изгледа како сцена од хорор филм

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, имa вметнато 18 завртки во јаболчниците за да се справи со ужасната повреда на лицето што ја доживеа минатата недела во поразот од 3-2 против Интер.

Нигериецот се здоби со скршеници на јаболчната коска по судир со дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар.

Силата на ударот била толку силна што окото на Осимхен излегло од очната дупка, според Џанпаоло Тартаро, хирургот кој го лекува 22-годишното момче.

„Окото излезе од очната дупка. Воопшто не е едноставно, всушност процесот на заздравување е многу деликатен поради дробењето на очната дупка и искривувањето на маларната коска која практично е уништена“.

„Различните скршеници, не само на јаболчната коска, донесоа компликации и мораше да се вметнат шест плочи и 18 завртки“.

Нигериецот најверојатно ќе мора да носи специјална маска за лице откако ќе се врати на теренот.

„Операцијата траеше три часа, моравме да го исечеме на три места на лицето“, продолжи хирургот.

Осимхен ќе го пропушти Африканскиот куп во јануари и можеби ќе мора повторно да оди на операција, предупреди Тартаро.

„Виктор мора да биде многу внимателен затоа што ако има проблем мора да се врати во операционата сала“, рече тој.

Осимхен постигна девет гола на 14 настапи за Наполи оваа сезона, а неговата повреда е потенцијално катастрофален удар за момците на Лучијано Спалети, кои се на врвот во Серија А пред Милан со гол разлика по 13 натпревари.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!