Фудбалски меч се претвори во акционен филм: Моментот кога судијата во Перу му задава карате удар на тренерот
На фудбалски натпревар во Перу, судијата Луис Алегре нокаутираше член на стручниот штаб на губитничкиот тим со карате-удар во лице. Инцидентот се случи во 82-та минута, кога судијата покажа црвен картон, што предизвика жестоки реакции. Еден од тренерите на тимот Магдалена CEDEC истрча кон него со пластично шише, најверојатно со намера да го нападне. Алегре реагираше инстинктивно и со прецизен удар со десната нога го погоди директно во вилицата, соборувајќи го на земја. По ударот, полицијата интервенираше за да спречи натамошен хаос, бидејќи разгневени играчи го опколија судијата и неговите асистенти. Натпреварот беше прекинат, а не е познато дали ќе има дисциплински мерки за инволвираните.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно