Фудбалски натпревар Македонија – Бугарија (виц)
Седат нашите фудбалери во соблекувалната пред мечот со Бугарија и Елмас им вели:
– Другари, знам дека не сакате да ги гледате Бугарите, а толку се слаби што сам ќе играм со нив. Вие слободно одете во кафана и почнете да славите.
Одат сите други во кафана, а Елмас сам излегува на теренот. Додека да стигнат во кафаната поминуваат 10 минути, пуштаат телевизија, Македонија – Бугарија, 1 : 0. Почнуваат да слават, забораваат на натпреварот, кога наеднаш во 85 минута некој погледнува во телевизорот и вели:
– Еј, абе 1 : 1 е резултатот!
Трчаат веднаш сите во паника кон стадионот да му помогнат на Елмас, но закаснуваат. Натпреварот завршува нерешено. Го среќаваат Елмас и го прашуваат:
– Што се случи бе брат?
Елмас изнервиран им одговара:
– Поарно не прашувајте. Бугарите го поткупиле судијата и ми даде црвен картон во 11-та минута.

Коментирај анонимно