Галаксија од ларви: Прекрасни пештери без туристи и водичи во кои никој не смее да влегува сам

Пештерите Ваипу на Северниот остров на Нов Зеланд, на околу три часа возење од Окланд, се одлична алтернатива за авантуристи кои сметаат дека славните пештери Waitomo Glowworm се премногу познати – и прилично скапи (по цена од околу 30 евра по лице). Ваипу пештерите се истражуваат „на диво“, што значи без водич, а посетителите сами се одговорни за нивната безбедност.

Затоа, не се препорачува да ги истражувате сами бидејќи земјата е лизгава и влажна, на некои места има многу кал, а водата во некои делови се искачува до висина на половината. Шлем, фенерче и добри чевли се неопходна опрема за истражување.

Веќе во првиот дел на пештерата ќе помислите дека сте залутале во некоја друга димензија. Овде постои  цела галаксија на светкави црви што висат од таванот и прават нереална глетка. Arachnocampa luminosa е ендемичен вид на ситни муви кои имаат биолуминисцентни ларви и можат да се најдат само во Нов Зеланд.

На светло ларвите не се особено привлечни. Долги се само неколку сантиметри и висиат од карпите на проѕирни лигави конци . Но кога светлата ќе се изгаснат, ларвите се трансформираат и карпата се претвора во ѕвезден свод.