„Генијот“ шимпанзо кое можеше да чита кинески и англиски почина на 49 години

Аи, шимпанзото што стана симбол на интелигенција меѓу приматите, почина на 49 години, објавија јапонските истражувачи. Таа беше првата што препозна повеќе од 100 кинески знаци, англиската азбука, броеви и бои, носејќи го човештвото чекор поблиску до разбирање на умот на животните.

 

Аи почина од старост и проблеми со органи, откако децении беше предмет на истражување на човечкиот и животинскиот ум

„Аи“, што на јапонски значи љубов, цел живот учествуваше во студии за перцепција, учење и меморија, велат од Центарот за еволутивно потекло на човековото однесување при Универзитетот во Кјото. Универзитетот соопшти дека таа починала во петокот, од последици од старост и отказ на повеќе органи.

Шимпанзото Аи ги препознаваше кинеските знаци, англиската азбука, броевите од 0 до 9 и 11 бои – ги надмина сите очекувања за интелигенција кај животни

Според зборовите на приматологот Тетсуро Мацузава во 2014, Аи не само што совршено ги знаеше кинеските знаци и латиницата, туку препознаваше и броеви од 0 до 9, како и 11 различни бои. Во едно истражување, на екранот и беше прикажан кинескиот знак за розева боја, заедно со розев и виолетов квадрат. Таа без двоумење го избра розевиот квадрат. Кога и покажале јаболко, таа на компјутерскиот екран избра правоаголник, круг и точка, креирајќи така „виртуелно јаболко“.

 

Талентот на Аи се прослави низ научниот и медиумскиот свет – таа беше наречена „генијалец“

Аи се здоби си прекарот „генијалка“ во популарните медиуми и беше предмет на бројни академски трудови, вклучувајќи и публикации во престижното списание Nature. Без нејзините експерименти, многу истражувања за интелигенцијата кај шимпанзата ќе беа невозможни.

Аи роди потомство со исклучителни способности – нејзиниот син Ајуму го фасцинираше светот со знаењето наследено од мајка му

Шимпанзото Аи пристигна од западна Африка во 1977 година во Јапонија, а во 2000 година роди син по име Ајуму, чии таленти дополнително го привлекоа вниманието на научната заедница кон проучување на знаењето што се пренесува помеѓу родители и поколение.

Истражувањата со Аи поставија темели за разбирање како се развива свеста кај шимпанза и луѓето

Центарот за еволутивно потекло на човековото однесување заклучи: „Студиите со Аи создадоа експериментален модел за разбирање на умот на шимпанзата, што е клучен темел за анализа на еволуцијата на човечкиот ум.“ Во изјавата се додава: „Аи беше натпросечно љубопитна и динамична, и со своето учество ни разоткри неочекувани аспекти од свеста на шимпанзата за првпат.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *