Германци тргнале да пратат „сомнителна“ лисица и ја решиле „мистеријата“ од соседството

Жителите на Зелендорф, Берлин станале жртви на постојани кражби. Тие не знаеле кој го прави тоа, ниту како да реагираат, а особено им било чудно затоа што кражбите биле само на одредени предмети. Во изминатите неколку недели на жителите им исчезнувале обувки, а претежно влечки.

Еден од жителите Кристијан Мејер бил особено изреволтиран бидејќи му била украдена една патика за спортување која скапо ја платил, па така тој бил решен да го откри виновникот. Неодамна тој и други жители забележале сомнителна лисица.

Кога ѝ се доближиле сфатиле дека носи влечка во устата, па решиле полека да ја пратат за да видат каде оди таа. Мејер бил одлучен да ја прати лисицата до крај па цел час се пробивал низ грмушки и трње. За неговот изненадување успеал да ја пронајде „скривницата“ на лисицата и таму имало околу 100 обувки.

Сепак Кристијан воопшто немал среќа бидејќи неговата скапа патика не била таму. Тој решил да ги „заплени“ обувките од лисицата и да ги фотографира за да си ги најдат останатите „среќници“. Лисицата имала секаков вид на обувки во својата колекција, иако може да се забележи дека е голем обожавател на „крокодилки“.