Германците забегаа со понудата за туристи за Еуро 2024: Дали би спиеле во ваков морбиден кревет за 15 евра од ноќ?

Со зголемувањето на цените на хотелите низ Германија додека илјадници навивачи брзаат да направат планови, никогаш не било потешко да се гледа фудбалската историја.

Додека некои фанови стануваат креативни, дури и остануваат во бордели за да заштедат пари, еден дечко избрал поинаков начин да помине поевтино. Тој одлучил да спие во хостелот Generator, во срцето на најпрометната област во Берлин, Александарплац, се пријавил во приватна соба и имал што да види.

 

Трите берлински локации на „Генератор“ нудат сè од семејни соби и фенси приватни апартмани со сопствени тераси на покривот, до некоја поевтина варијанта за 15 евра од ноќ. Но, креветите односно коморите што ги добивате за 15 евра од ноќ потсетуваат на нешто друго…

 

Извршниот директор Аластер Томан рече дека токму оваа мешавина на избори и гости ја одржува забавната атмосфера на хостелот на „Генератор“: „Луѓето порано гледаа со презир кон хостелите. Но, од пандемијата, луѓето бараат други опции и нè откриваат нас. Истата вечер, има луѓе кои плаќаат 15 евра за комора и 850 евра за апартман, што го прави навистина возбудливо во вечерните часови бидејќи ги имате сите овие националности и различни цени. Имате семејства, ултра богати, познати личности, патници со ранци и секоја вечер се формира оваа заедница“.

„Генератор“ сега го има во 12 европски градови, како и пет имоти во Америка. Аластер додаде дека планираат да се прошират во Азија, Блискиот Исток и Австралија.

 

Со 132 соби и преку 700 кревети на локацијата Александарплац и уште 380 соби низ другите две локации на „Генератор“ во Берлин, сè уште има простор за сите љубители на фудбалот кои се обидуваат да резервираат место на финалето на Еврото. Па ако сакате да видите дали им е удобно на оние во мртовечница, повелете на спиење во комора за 15 евра од ноќ.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *