Германец, кој има пропатувано во 190 земји, откри кои се најубавите места на светот, а кои најдосадните и откри што мисли за Македонија: „Тоа е една од најпотценетите земји на светот!“

Еден млад човек кој посетил импресивни 190 земји во светот, објасни кое е „најдосадното“ место на коешто некогаш бил. Содржините за патување се многу популарни на „TikTok“ и „YouTube“, а пионер во тоа е Дру Бински, човекот кој има посетено сите 195 земји на планетата Земја.

Лука Пфердменгес (22) е уште еден поединец кој е на пат да го оствари истото што и Дру, документирајќи ги своите авантури пред обожавателите на „TikTok“.

 

 

 

Со близу три милиони следбеници на популарната видео платформа, Лука од Германија знае како да истражува нови места. Креаторот на содржина неодамна даде интервју за „Дејли Мејл“ за да разговара за неговите патувања, каде што откри во која земја нема да брза да се врати наскоро.

„Според мене, Египет е најдосадната земја за туристите“, објасни Лука.

Тој додаде: „Египет, Франција, Малдиви, Маурициус, Сејшели, поголемиот дел од Карибите. Тие често се многу туристички и често немаат многу убави работи освен убави плажи. Карибите се супер-преценети, барем Малите Антили“.

 

 

 

Меѓутоа, Лука исто така откри кои земји се многу потценети и треба да се посетат. Тој изјави во интервјуто: „Узбекистан и некои други земји во Централна Азија, балтичките земји, Мјанмар, Македонија, Бутан, Црна Гора и повеќето земји во Латинска Америка. Луѓето обично забораваат дека постојат, но тие често се многу повозбудливи и подостапни од „класичните туристички дестинации“.

„Особено скриените скапоцени камења како Бутан и Мјанмар. Тие се навистина непознати, но се некои од најубавите земји во светот“.

Сепак, има една земја за која вели дека тотално го разочарала. А, тоа е Белгија.

„Според мое мислење, многу е небезбедно ноќе – најмногу во Брисел“, објаснува тој.

 

 

„И многу од белгиските градови се исто така прилично грди. Сиви и депресивни, особено во зима. Моите омилени места на светот – без посебен редослед, се: Мексико, Бразил, Израел, Шпанија, Бутан, Англија, Емиратите, Португалија, Австрија“, заклучи Лука.

Животот на Лука е сон за многумина, а тој не се штеди да им „пушти лиги“ на своите следбеници и да ги изветува за секое негово патување.

„Уживам во мојот живот како креатор на содржини, инаку не би го направил тоа.Слободата што ми ја дава е луда и многу сум благодарен што можам да патувам за живот”, објасни тој.

  • Жика техника напиша:

    Македонија е убава, ама СИРОМАШНА.
    Политичарите ја УРНИСАА.
    Младите масовно ја НАПУШТААТ.
    Ако си чесен, вреден и обичен граѓанин … БЕГАЈ ШТО ПОДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНИЈА.
    ЖАЛНО, АМА ВИСТИНИТО …✍️

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *