Германија им порачува на наставниците да ги подготват децата за ВОЈНА: Школите ќе фокусираат на цивилна заштита додека ЕУ повикува граѓани да имаат резерви за најмалку три дена
Германското Министерство за внатрешни работи бара цивилната заштита да стане дел од наставната програма. Учениците ќе учат како да се однесуваат во воена или кризна ситуација, што досега не било пракса. Причината? Сѐ поголемиот ризик од воен конфликт во Европа и проценките дека Русија може да нападне територија на НАТО во следните неколку години.
Обука по моделот на Финска
Пратеникот Родерих Кизеветер од партијата ЦДУ смета дека ваквата обука е „апсолутно неопходна“, бидејќи децата се меѓу најранливите. Тој предлага задолжителна основна обука за одговор при катастрофи, слична на онаа во Финска, која веќе со години го подготвува населението за можен конфликт со Русија.
Федерална помош за училиштата
Иако образованието е надлежност на сојузните држави, Министерството за внатрешни работи е подготвено да достави наставни материјали за кризни ситуации преку Федералната канцеларија за цивилна заштита (BBK).
Препорака до граѓаните: Направете 72-часовен пакет за преживување
Според иницијативата од Европската комисија, секое домаќинство треба да има резерви за најмалку три дена: вода, храна, батерии, документи, светилки и лекови. Германските власти сметаат дека ова е минималниот праг на подготвеност за секоја итна состојба.
Алармантна неподготвеност на Германија
Германскиот Црвен крст предупреди дека голем дел од населението би било потполно незаштитено при вистинска криза. Проценките покажуваат дека за да се доведе системот за цивилна заштита до воено прифатливо ниво, би биле потребни околу 30 милијарди евра.
Безбедносни проценки: Ризикот од голема војна е реален
Германската тајна служба BND и инспекторот на армијата Карстен Бројер тврдат дека Русија може да го нападне НАТО за 4 до 7 години. Тоа ги поттикнува европските земји на сериозни подготовки.
Франција подготвува водич за преживување за секое домаќинство
Француската влада планира да издаде 20-страничен прирачник со 63 совети за тоа како да се преживее при воен конфликт, природна катастрофа или нуклеарна несреќа. Ќе содржи и насоки како граѓаните да се приклучат на локалната одбрана.
Европската Унија: Целта е отпорност, не паника
Според европските лидери, знаењето како да се дејствува во кризни ситуации е клучно за да се избегне паника. Се потсетува на хаосот од почетокот на пандемијата кога се празнеа продавниците. Три европратеници побараа секое домаќинство да добие водич за справување со кризи – од војна до климатски катастрофи.
Европа се подготвува за најлошото
Иако некои влади тврдат дека овие мерки не се директно поврзани со руската инвазија на Украина, времето на објавите покажува поинаква слика. ЕУ гледа на овие чекори како начин да се зголеми отпорноста на населението и да се избегне хаос ако ситуацијата ескалира.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Shto ke napravesh so rezervi za 3 dena…posle Liferando li ke ti dostavuva hrana…Germanija e kaput drzava…za siromashtijata (35-40%) vo zemjata…Ne im ide ak,lo…
На наци-швабата изгледа не му иди паметот. Се р’ча со „мечката“ а не е свесен дека овој пат ќе помини многу потешко отколку во Втората светска војна. Истото ги чека и „галските петлиња“ на чело со бабоебецот „малиот Наполеон“.
Коментирај анонимно