Германското засолниште за животни доби непријатно изненадување откако „напуштеното“ маче се испостави дека е агресивна дива мачка
Мислеа дека е слатко маче — додека не ги покажа канџите.
Германско засолниште за животни доживеа непријатно изненадување кога вработените открија дека „наводно“ напуштеното маче всушност е агресивна европска дива мачка.
Некој човек го пронашол малото животно на патот и го однел дома. Сепак, кога забележал дека е многу диво и одбива да јаде, решил да го однесе во засолништето за животни „Тирхајм Бергхајм,“ пренесува The Dodo.
Засолништето, кое се наоѓа во Бергхајм, околу 40 километри од Келн.
„Тирхајм Бергхајм“ објави видео на нивната Фејсбук страница на кое се гледа како мачката одеднаш ржи, со објаснување дека животното треба да се префрли во дивечкиот центар „Ретшајдер Хоф.“
„Вработените веднаш препознаа дека не се работи за обично домашно маче. Специфичните карактеристики и однесувањето укажуваа дека имаат работа со дива мачка. Тоа ги наведе вработените во засолништето веднаш да контактираат со нас.“ изјавил портпарол на дивечкиот центар „Ретшајдер Хоф.“
Дивата мачка сега е во „Ретшајдер Хоф“ со уште еден претставник од истиот вид, и двата ќе останат таму додека не бидат доволно возрасни за да се вратат во дивината.
„Во моментов работиме напорно за да им овозможиме на животните поддршка и грижа што им се потребни. Правиме сѐ за да им биде престојот што е можно покомфорен. Секој нивен напредок го следиме со голем ентузијазам и надеж“ продолжи портпаролот на дивечкиот центар.
Коментирај анонимно