Гете-институт е меѓународен и светски признат лидер за учење германски јазик со висококвалификувани професори, програми и методи

Во текот на изминатата година Гете-институт успеа да ја збогати својата понуда на курсеви со курсеви во онлајн формат со подеднакво квалитетна настава како и наставата со физичко присуство на институтот, преку која учесниците на курсевите со задоволство го изучуваат германскиот јазик.

Во новиот семестар, согласно состојбата во која се наоѓаме, наставата повторно ќе се спроведува виртуелно. За возрасни, освен веќе етаблираните концепти на настава, Blended Learning курс или Online курс, новина е тоа што се нуди и нов тип на специјален курс за интеграција со целосно виртуелно присуство.

Курсот за интеграција е наменет за кандидати, кои имаат потреба од полагање на испитот А1. Тој се изведува секојдневно во претпладневните часови. Курсот е конципиран за брзо и лесно совладување на германскиот јазик, при што со само два курса, учесниците ќе го стекнат знаењето за полагање на испитот А1.

Курсот Blended Learning се состои од две компоненти, кои се подеднакво застапени, односно половина од часовите (30, односно 33 наставни единици, во зависност од нивото) ќе се изведуваат на платформата за учење на Гете-институт, а другата половина (30, односно 33 наставни единици) ќе се изведуваат преку виртуелно присуство.

Курсот, во зависност од нивото, трае 7,5 односно 8 недели и опфаќа 8 наставни часа неделно, од кои 4 наставни часа се изведуваат со виртуелно присусво во виртуелна училница, каде што заедно со професорот се следи интерактивна и комуникативна настава согласно стандардите на Гете-институт, а останатите 4 наставни часа на платформата за учење на Гете-институт, каде што под постојан надзор и поддршка на тутор се учи самостојно во време и на место кое на учесниците им одговара.

Наставата се изведува без учебник, односно сите наставни материјали со кои се тренираат четирите јазични вештини (читање, пишување, слушање и зборување) се наоѓаат на платформата за учење на Гете-институт. Платформата е специјално конципирана да го поттикне учењето на германскиот јазик. На следниот линк https://deutschonline.goethe.de/?lang=de може да се види како изгледа онлајн платформата на која се следи курсот.

За разлика од курсевите Blended Learning, онлајн курсевите нудат поголема флексибилност. Со самото тоа што 90 % од наставата се изведува на платформата за учење на Гете-институт, времето на учење може да се распредели согласно потребите и времето на секој кандидат поединечно. За време на целиот курс, кој во зависност од нивото трае 6 или 7 недели, учесниците се во постојан индивидуален контакт со туторот, кој континуирано го надгледува напредокот, советува, коригира и помага при учењето.
Платформата за учење на Гете-институт е интерактивна програма за учење. Со професионални материјали за вежбање и најсовремени методи на учење се вежба читање, пишување, зборување и слушање германски јазик. Заедно со другите учесници на курсот може да се изработуваат најразновидни кооперативни задачи.
Освен работата на платформата, онлајн курсот содржи најмногу осум виртуелни средби во живо во виртуелна училница (8 x 45 или 4 x 90 мин) каде што има можност за разговарање со другите учеснци од групата со цел да се вежба говорењето и усното изразување.

На следниот линк: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/fer.html може подетално да се запознаат онлајн курсевите преку бесплатниот пробен курс.

Сите курсеви што се понудени во зимскиот семестар се објавени на нашата веб-страница, каде што со опцијата „веб-шоп“ со само неколку клика кандидатите може да се запишат на следниот курс. Доколку кандидатите веќе посетувале курс во Гете-институт, системот ќе ги препознае според бројот на кандидат од претходните курсеви и многу едноставно може да се изврши запишувањето и уплаќањето на курсот.

Кандидатите за курсеви што имаат предзнаење од германскиот јазик можат да направат бесплатен тест за одредување на нивото и согласно резултатите од тестот преку опцијата „веб-шоп“ да се запишат на соодветниот курс.