„Ги правам моите бивши љубоморни додавајќи лажни дечковци на моите селфиња со помош на вештачка интелигенција“
Една жена од Њујорк смислила начин да ги натера своите поранешни момчиња љубоморни со користење на генеративна вештачка интелигенција за дигитално да додаде нови дечковци на нејзините слики.
„Мојот бивш продолжи напред, така да и јас морав брзо да најдам нов дечко“, изјави 29-годишната Медлин Салазар.
Во споделеното видео таа покажува како го прави тоа и изгледа навистина интересно. Но, оваа виртуелна одмазда одзема време.
„Трите клипови во видеото траеја околу два и пол часа. Сè што вклучува луѓе е многу тешко“, изјави Салазар.
Дури и официјалниот профил на Фотошоп коментираше, пишувајќи: „Ова е она што ние го нарекуваме посветеност“.
Во меѓувреме, критичарите ја нарекоа „тажна“ и „токсична“.
Сепак, дигиталната „волшебничка“ оттогаш тврди дека тоа со нејзиниот поранешен е всушност шега и дека таа не го употребила симулаторот за да се врати кај бившиот – барем не сè уште.
„Ова требаше повеќе да се конзумира како комедија, но не секој го разбира мојот хумор“. Таа рече дека исто така сака да илустрира како „навистина не можете да верувате во ништо што ќе видите на интернет“.
И покрај сатиричната природа на видеото, Салазар тврди дека многу обожаватели сакале да ги ангажираат нејзините услуги како генератор на романтична љубомора.
„Секојдневно добивам коментари и пораки во кои прашуваат дали можам да уредувам работи за луѓето да го направат нивниот дечко љубоморен или затоа што нивниот сопруг ги налутил“, објасни таа. „Секогаш е многу итно и ми велат: „Итна помош – ми треба вашата помош во Photoshop“.
За Салазар барањата се фасцинантни, бидејќи таа не се смета себеси за дигитален уметник или графички дизајнер. Таа, наводно, ги усовршила своите вештини користејќи ги програмите на Adobe на работа. (Таа произведува видеа во NBC Universal, според нејзината страница на LinkedIn.)
Сепак, Салазар вели дека ги одбива повеќето од овие барања за помош за одмазда.
„Јас не се занимавам со тоа да направам нечиј личен живот токсичен. Ако луѓето ќе бидат манипулативни, тие веќе го прават тоа во секој случај. Не им треба мојата помош“.
Сепак, како услуга за гледачите, Салазар направи туторијал на YouTube за тоа како да се користи софтверот за генерирање дечко.
Коментирај анонимно