Гитарата на Курт Кобејн од „MTV Unplugged“ се продаде за рекордно висока сума

Гитарата, Мартин Д-18Е во 1959 година, се користеше во изведбата на Нирвана на „MTV Unplugged“ во ноември 1993 година, пет месеци пред смртта на Кобејн на 27-годишна возраст.

Таа беше објавена на аукција како дел од продажбата на „Music Icons“ на аукциите кои се одржаа на 19 и 20-ти јуни и првично се очекуваше да достигне цена некаде помеѓу 1 и 2 милиони долари. Но, наддавањето надмина 1 милион долару уште пред официјалниот претставник да го објави почетниот износ и да ја започне аукцијата.

Гитарата на крајот се продаде за нешто повеќе од 6 милиони долари на аукција (приближно 4,8 милиони фунти), со победничката понуда од 6,010,000 американски долари направена од Питер Фрејдман, основачот на RØDE микрофони.

Па, што планира да направи Фридман со гитарата за која плати рекордна сума? Па, тој сака да го прикаже инструментот во светска изложбена турнеја, носејќи го на галерии и уметнички простори а со овие приходи ќе им помогне на уметниците кои се оштетени поради моменталната ситуација.

Аукционерите велат дека продажбата поставила пет светски рекорди, вклучувајќи ја и најскапата гитара и најскапиот дел од меморијали. Гитарата беше продадена со оригиналната кутија декорирана од Кобејн, со флаер од албумот „Feel The Darkness“.