Гладни мечки упорно си влегуваат да „пазарат“ на истата бензинска пумпа во Калифорнија

Една бензинска пумпа во Калифорнија беше домаќин на неколку посети од кафеави ммечки за полноќни закуски, а една очигледно се обожаватели на слатки работи. На снимките се гледа како мечката слободно си влегува во бензинската пред вработениот Пол Хиг да се обиде да го спречи влегувањето понатаму.

Следниот ден, слична ситуација се случи повторно на истата бензинска пумпа. Мечката што влегла била фатена од камерата како се гости со бонбони и крекери што ги извадила од полиците. Иако не е потврдено, се смета дека можеби е истата дрска мечка што залутала во бензинската станица претходната вечер, или пријателка која дошла тука по „препорака“. Вработениот вели дека прилично се исплашил бидејќи „бркањето мечки не му е во опис на работното место.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!