„Гламурозен модел“ со огромни гради вели дека никогаш нема да престане со пластични операции

Фокси Менаџери е „малку опседната со операции“. Таа веќе има гради со големина „Двојно З“ (колку и да е тоа), но смета дека нејзиното патување со пластични операции сѐ уште не е завршено.

42-годишната, од Мичиген, за прв пат се запознала со пластичната хирургија пред 6 години откако се развела и нејзината цел била „совршена фигура на песочен часовник“.

Имплантите во градите на Фокси во моментот изнесуваат 6.640 кубни сантиметри, сепак, таа има поголем број на ум што допрва треба да го достигне. „Целта ми е да постигнам подобар изглед на песочен часовник со модификација на телото – сакам совршена фигура на песочен часовник. До одреден степен, да, јас сум малку опседната со операциии – само затоа што навистина ми се допаѓа исходот. Се чувствувам фантастично кога ќе заврши операцијата, ме прави среќна кога ја гледам новата личност во која се претврувам.“, објаснува Фокси.

Фокси вели дека големите гради ѝ пречат само кога треба да извршува некои помали задачи. Како на пример вели дека не може да готви на првата рингла на печката, не може да се наведне за да си ги обуе чевлите, често паѓа по скали затоа што не гледа каде оди и слично.

Таа вели дека како дете се чувствувала многу „обична“ и била прилично срамежлива. Сега таа себе се смета за „гламурозен модел“ и вели дека не ѝ пречи доколку луѓето зјапаат.