Глава на џиновска ајкула, стара 330 милиони години е пронајдена во ѕидот на пештера

Палеонтолозите се воодушевени од откривањето на главата од ајкула од пред 330 милиони години во ѕидот на пештерата во Кентаки, САД.

Откриетието било направено од специјалистите за пештери Рик Олсон и Рик Томај, кои наидоа на изненадувачки фосил додека го истражуваа и мапираа системот „Мамутска пештера“ во националниот парк Пештера Мамут.

Истражувачите се обидоа да идентификуваат точно на кое животно им припаѓаат коските, па тие испратија фотографии до Винсент Сантучи, постар палеонтолог во Националната служба за паркови во Вашингтон, со надеж дека ќе може да помогне.

Сантучи го испратил палеонтологот Џон-Пол Ходнет за одблизу да го погледне фосилот. Иако Ходнет бил во можност да ги идентификува повеќето фосили од ајкула на фотографиите, тој станал особено заинтересиран за еден сет остатоци. „Во еден сет на фотографии се прикажани голем број заби на ајкули поврзани со големи делови на фосилизирана ‘рскавица, што укажува дека може да има скелет на ајкула сочуван во пештерата.“, изјавил тој.

‘Рскавица обично не преживува фосилизација, што значи дека скелетите од ајкули се ретки. Меѓутоа, бидејќи нивните заби се изработени од коска и емајл, забите обично се зачувуваат добро. Кога пристигнал во пештерата, Ходнет се воодушевил од откритието.

Како што се испостави, фосилите сочинувале долна вилица на ајкула, ‘рскавица во черепот и неколку заби. Со оглед на димензиите на остатоците, за нив се верува дека припаѓале на суштество приближно со големина на голема бела ајкула. Големите бели ајкули растат од 3,3 до околу 6,5 метри.

Ходнет утврдил дека ајкулата е од вид наречен „Saivodus striatus“, кој живеел во доцниот Мисисиписки период, пред околу 330 до 340 милиони години. Откритието е особено значајно затоа што временскиот период обично не е добро претставен во Северна Америка.