Гледањето во слики од природа влијае магично на нашиот мозок

Гледањето во природни пејзажи – дури и дигитални слики – може да ја намали болката, покажува ново истражување кое користело снимање на мозочната активност кај лица изложени на електрични шокови. Веќе 40 години е познато дека пациентите во болници побрзо се опоравуваат и користат помалку лекови доколку гледаат зеленило наместо ѕид.

 

Гледањето во слики од природа влијае магично на нашиот мозок

Научно објаснување на ефектот

Истражувачи од Универзитетот во Виена, предводени од Максимилијан Штајнингер, скенирале мозоци на 49 учесници додека гледале различни сцени и истовремено примале електрични шокови. Природните сцени, со шума и езеро, довеле до намалена активност во делот од мозокот што ја обработува болката, додека урбаните и канцелариските сцени немале ист ефект.

 

Научно објаснување на ефектот

Природата е анелгетик

Ова откритие покажува дека намалувањето на болката не е само плацебо ефект, туку има реална невролошка основа. Виртуелната експозиција на природа може да се примени во медицината за олеснување на болката, отворајќи нови можности за истражување на влијанието на природата врз човечкиот ум.

 

Природата е анелгетик

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *