„Глумев дека сум мојата мртва сестра близначка, за да го заштитам семејството – кога конечно им кажав се случи хаос“

Ени Нју, инфлуенсерка за животен стил, откри тајна што ја чувала пет години – таа се преправала дека е својата покојна сестра близначка за да ги заштити чувствата на своите баба и дедо.

 

 

 

Во видео објавено на „TikTok“ кое стана вирално со 4,4 милиони прегледи, таа сподели дека вистината конечно ѝ ја кажала на дел од семејството.

„Се преправав дека сум мојата близначка која почина од вирусен менингитис, за да го одржам семејството, што беше идеја на мојот татко“, објасни таа.

 

 

Идејата била да се избегне срцев удар кај нејзината баба и дедо, особено затоа што бабата била на самртна постела оваа година. Но, дедото сè уште не знае.

Наместо благодарност, дел од семејството реагирало со негодување. Нејзините тетки ги тргнале сите фотографии од близначката, што Нју ја натажило. „Кога ги однесов моите деца да го посетат дедо ми, видов дека нашите фотографии ги нема“.

 

@annie_niu

I counted 17 photos last time

♬ original sound – Annie Niu

 

Реакциите на „TikTok“ беа поделени. Некои покажаа емпатија, споделувајќи слични искуства со криење на лоши вести, додека други беа збунети.

„Никогаш не сум слушнала дека некој не им кажал на родителите за смрт на ближен“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Како никој не ја прашал каде е сестра ти пет години?“

Сепак, некои ѝ изразија поддршка: „Ги заштитила од болка толку долго. Се надевам дека сега се чувствуваш полесно откако ја ослободи оваа емоционална тежина“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *