Глупавото момче и берберот (виц)
Во една берберница влегло мало момченце.
Берберот штом го видел му рекол тивко на муштеријата на столот:
– Детето што влезе е едно од најглупите деца на светот. Сега ќе ти покажам зошто…
Берберот извадил од џебот две монети, 50-денарка во едната рака и 10-денарка во другата. Потоа го повикал детето и му рекол:
– Ајде кажи која ќе ја одбереш?
Малиот веднаш и без размислување ја зел 10-денарката и потоа си излегол од берберницата.
– Нели ти кажав дека е ептен глупав – му рекол берберот на муштеријата – Детето не знае дека 50 денари е повеќе од 10, дури ни по димензиите на парите не сфаќа која е повредна.
Кога муштеријата излегол од берберницата, го видел детето на улица како јаде чоколадо. Решил да го праша зошто не си ја зело 50-денарката:
– Момче, абе ти зошто ја зеде помалата пара од поголемата? Зошто зеде 10 денари наместо 50?
Момчето со полна уста чоколадо му одговорило:
– Јас секој ден по неколку пати влегувам во берберницата, ако ја земам 50-ката, играта завршува…
I jas bev na berber I mi kupija c9kolado ama od 35 denari.
Коментирај анонимно