Глуво и слепо куче изведува импресивни трикови со својата сопственичка

Паметно глуво куче е снимено како изведува неверојатни трикови и ги топли срцата на луѓето ширум светот. 2-годишното кученце Каламити, од Балтимор, Мериленд, се родило глуво и ослепело додека да наполни 1 година.

И покрај нејзините „пречки“ ,Калмити беше снимена како изведува некои импресивни трикови заедно со нејзината сопственичка Аманда Фулер (27).

„Каламити учи трикови од раѓање и цело време работиме на нови. Понекогаш ние дознаваме работи за кои никогаш не мислев дека се можни, како што е послушно однесување без поводник.“, вели Аманда. Според Аманда тренирањето на глуво и слепо куче е тешко, но не мора да значи дека е потешко од тренирање на куче што гледа и слуша.

„Таа ги учи работите на ист начин како што прават сите кучиња, ние само треба да ги дадеме индиции на поинаков начин. Нашите индиции се дадени преку допир, така што за разлика од куче што гледа или слуша, не можам да дадам знак преку вербални или рачни сигнали.“, објаснува Аманда.