Го фатил втор пубертет и ја потрошил целата семејна заштеда на „стомачни мускули“

Жителка на англискиот град Саут Шилдс, јавно си ја кажа маката дека нејзиниот партнер ја потрошил целата семејна заштеда на козметички процедури и пластична хирургија. Според 37-годишната секретарка, Кели Мејерс, нејзиниот партнер, 41-годишниот Адам Барони, вработен во обезбедување, влегол во години во животот кога бил толку исплашен дека ќе остари, што почнал да ги троши сите заеднички на процедури за подобрување на својот изглед.

Тој ги избелил забите пет пати, 8 пати си вбризгувал ботокс во лицето, бил на операција за отстранување на вишокот маснотии, а врв на сѐ било ставањето импланти на стомакот за да има лажни стомачни мускули. Вештачкиот тен и корекцијата за веѓите не ги броиме :). Вкупно тој до сега потрошил 20.000 фунти и нема намера да запре. Неговиот главен сон е да постигне тело како онa на Арнолд Шварценегер на млади години.

Ако порано фраерот одел во теретана шест дена во неделата по два часа, сега вежба одвај по 2 часа неделно. Неговата партнерка се пожали и дека целиот карантин таа морала да го слуша неговото лелекање за одложената пластична операција.