Го имаме победникот на: „Преправај се дека ништо не се случи“
Интернетот се восхитува на човекот кој ја покажа својата вештина и успеа да избегне целосно да падне во базенот додека зборува на телефон.
Снимките од безбедносните камери покажуваат како човекот оди покрај работ од базенот додека зборува на телефон и наеднаш се лизнува дирекно во водата, но благодарение на неговите брзи рефлекси тој успева да седне на работ на базенот без да се натопи премногу, притоа не прекинувајќи го телефонскиот разговор.
Сигурни сме дека соговорникот на другата страна од линијата има неколку прашава во врска со бучавата.