„Го објавив мојот оброк на социјалните мрежи и завршив со сметка од 60 илјади долари – пазете се од QR кодовите“
Божиќ дојде рано за сајбер-криминалците со епикурејски ум.
Ова е уште една причина да платите пред да објавите. Клиентка од кинески ресторан остана запрепастена откако невина слика на социјалните мрежи резултираше со 60.000 долари.

Ванг вечерала со пријател во ресторан во Кунминг, Југозападна Кина на 23 ноември. И како што е тренд, таа решила да го фотографира својот оброк за на социјалните мрежи.
Работите тргнале на наопаку откако на сликата случајно бил фатен и QR-кодот на масата, кој се скенира за да го платите оброкот. Тоа е вообичаено во рестораните во Кина, на тој начин нарачувате и така се знае која маса колкава сметка има.

Па откако ги објавила сликите од храната таа сфатила дека нешто не е во ред откако набргу добила сметка од 60.500 долари. Како што се испоставило некој на интернет го искористил QR-кодот за да стави смешна количина храна на сметката на нејзината маса, која таа не ја ни нарачала.
Јадења вклучувале 2.580 нарачки лигњи, 1.850 нарачки крв од патка (популарен деликатес во регионот) и луди 9.990 порции паста од ракчиња.

Дури и откако Ванг ја препознала нејзината грешка и ја избришала фотографијата, сепак апстрактните нарачки продолжиле.
За среќа, вработените не ја натерале да ги плати дополнителните нарачки. За жал, газдите на рестораните не беа во можност да ги пронајдат виновниците ниту да ги спречат во тоа што го прават. Па морале да го ревидираат системот за нарачки така што нарачките сега можат да се вршат само на одредено растојание од масата.
Ванг целото ова го смета за искуство и да внимавате што има на било која фотографија што ја ставате на социјалните мрежи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

It’s really a great and helpful piece of info. I am glad that you shared this helpful information with us. Please keep us informed like this. Thanks for sharing.
Коментирај анонимно