Го освои светот како фатална русокоса, пред 36 години, но бурниот живот и страшните настани целосно ја сменија
Филмот „Top Gun: Maverick“ со Том Круз е главна тема овие денови, сите зборуваат за неговото големо враќање на големото платно, кое кај многумина предизвикува носталгија, особено оние кои се сеќаваат на неговиот прв дел од 1986 година. Но, тврдокорните обожаватели на оригиналниот филм се разочарани кога дознаа дека повеќето од ѕвездите кои се појавија во култниот прв дел нема да се појават во продолжението, туку само Том и Вал Килмер.
Некои беа особено изненадени што Мег Рајан и Кели Мекгилис нема да се појават во новиот дел, но режисерот Џозеф Косински објасни дека не сака да ја повтори приказната стара три децении, туку да му вдахне нов живот на култниот филм.
Кели денес изгледа речиси непрепознатливо, а сите ја паметат како волшебната пилот-инструкторка за возење Шарлот Блеквуд. Актерката до пред неколку години глумеше во филмови и серии, по што се повлече од очите на јавноста и се посвети на театарската сцена.
„Стара, сама и дебела, изгледам соодветно за мојата возраст и за тоа е целата приказна. Но, повеќе сакам да се чувствувам целосно безбедно во мојата кожа и со моите години”, коментирала Кели во интервју за ЕТ пред снимањето, каде ја замени Џенифер Конели.
64-годишната актерка во 2009 година го шокираше светот откако призна дека е геј иако зад себе има два брака и две деца, а моментално живее со нејзината партнерка Мелани Леис.
Кели зад себе има турбулентен живот. Извесен период се борела со дрогата, а цел живот се борела со напади на паника, кои се последица од страшен настан од нејзината младост. Таа открила дека во 1980-тите била силувана од двајца мажи. Мекгилис излегувала од тушот кога двајца мажи ѝ ја скршиле вратата од станот. И покрај нејзините врисоци, Мекгилис била принудена да се упати кон спалната соба со нож на лицето. Мажите наизменично сексуално ја нападнале актерката, ја плукале, ја удирале и ја проболе со нож.
Своето трауматично искуство го споделила во интервју, а и после толку години немала мир. Таа претрпела напад во сопствената куќа пред неколку години и оттогаш дури има дозвола да носи пиштол.