„Го откажав состанокот со еден маж, а тој веќе беше на пат да ме земе – но после тоа што ми го рече нема шанси да излезам со него“
Утша Саха објави видео објаснувајќи зошто го откажала состанокот со еден дечко додека тој бил на пат да ја земе.
„Во шок сум и треба да им кажам на луѓето што се случи. Облечена сум да одам на вечерва, а овој човек е на пат и доаѓа да ме земе“
Скролајте надолу за видео
Кога бил 30 минути од нејзината куќа, Саха рече дека тој и го испратил следниот текст: „Добро, плитка кучко, не го осудувај мојот автомобил. Го имам од 18 години и никој нема автомобил во Лондон“.
Таа го доживува ужасно непочитувањето на мажот, особено затоа што тие штотуку се запознавале.
„Тој има повеќе од 30 години и има нормална кариера. Едвај имаме пријателски однос. Требаше да се видиме втор пат вечерва“, објасни таа.
Таа рече дека дури и да се познаваат подолго време, таа сепак би се чувствувала непријатно и рече: „Едвај им се обраќам на пријателите со тие зборови“.
Несигурна што да прави, таа се обрати до нејзиниот помлад брат кој ја советуваше да го откаже состанокот. Таа на почетокот се чувствувала лошо поради откажувањето затоа што тој веќе бил на пат, но сепак одлучила да не оди.
„Тогаш си помислив, ова не е во ред за мене. И ова се моите стандарди. Не сакам да вечерам со некој што може да ме вика така кога сака“, рече таа.
Кога пристигнал дечкото, таа му кажала дека состанокот е откажан и тој си заминал, но не пред да ја нарече „некултурна“ и да ѝ спушти кога му кажала како се чувствува. Но, за 10 минути ја сменил тактиката и ѝ испратил извинување.
„Ова е возрасен маж над 30 години кој мисли дека е во ред да ја нарече жената „кучка“ пред да дојде да ја земе на вечера“.

Коментирај анонимно