„Го пробав мајчиното млеко на мојата пријателка, вкусот беше тотално неочекуван!“
Инфлуенсерка ги шокираше своите следбеници откако сними видео како го пробува мајчиното млеко на својата пријателка.
Нурија Бланко (27) од Барселона, го сподели бизарниот клип со своите 57.000 следбеници на „TikTok“, под наслов: „Го пробав млекото на мојата пријателка која штотуку стана мајка“.

Таа ја испила белата течност, а потоа ѝ рекла на пријателката: „Девојко, добро е, нема вкус на цицка“.
Нурија објасни: „Тоа беше буквално нешто што морав да го избришам од мојот список. Дали некој друг се чувствува исто?“
Додека Нурија уживаше во млекото, на гледачите клипот им беше чуден.

Тоа доаѓа откако на „Добро утро Британија“ избувна дебата за тоа дали е прифатливо да се пие мајчино млеко – ако не сте бебе. Водителката и мајка на две деца Даниел Мејсон рече дека не го гледа проблемот ако нејзиниот партнер сака да го проба мајчиното млеко, додека новинарката Реја Ел-Салахи инсистираше дека тоа е наменето за бебиња.
Дебатата дојде откако Броди Џенер сподели клип од себе како прави кафе со мајчиното млеко на својата вереница. Говорејќи на „Добро утро Британија“, Даниела рече: „Вкусот е како бадемово млеко. Му го ставив во чајот на маж ми“.

Таа додаде дека нејзиниот партнер рекол дека би го пиел нејзиното мајчино млеко.
„Не ја гледам разликата во доењето бебе и ако вашиот партнер сака да го проба вашето мајчино млеко“, тврди таа
Сепак, Реја тврдеше дека се зависи од трудот што мајката го вложува, велејќи дека можеби и биле потребни часови за да се испумпува и дека јаде одредена диета за да го произведе најдоброто можно млеко за своето бебе.
„Постои причина поради која многу луѓе се чувствуваат згрозени од тоа, но за мене лично, мислам дека тоа не е одвратна работа бидејќи ја доев ќерка ми. Но, тоа е наменето за бебиња не за возрасни“.
Па, што мислите вие?

а да проба да види какво сирење се прави…
Jas bi gi probal site sokovi od cicka i picka na mojata prijatelka
Коментирај анонимно