„Го проверив телефонот на мојот сопруг и тоа што пишувал за мене на другарите е навистина шокантно – сега се сомневам во врска со сè и не знам што да правам“
Џејн Луис (40) од Њу Џерси, минатиот месец го проверила телефонот на нејзиниот сопруг со негова дозвола. Но, таа останала со скршено срце кога пронашла низа пораки од почетокот на нивната врска, во кој тој му се фали на неговиот пријател за „грдото пајче што ме сака толку многу“.
35-годишникот му кажувал на својот пријател дека сè уште не ја е*ел иако таа ќе направи сè за него. Тој продолжил да објаснува како едноставно морал „малку да се мува со неа“ за да ја одржува Џејн среќна.

Тој ги испратил гнасните пораки пред шест години, парот да се венчал во 2021 година, а Џејн ги нашла пораките само минатиот месец.
Во пораките Сопругот на Џејн опишал како го запознал „ова грдо пајле“ во самопослугата каде што таа работела во тоа време, велејќи дека „би правела буквално сè“ за него. Тој му рекол на својот пријател дека се преселил кај Џејн, но рекол дека не ја смета за привлечна како „згодните девојки што ги гледа цело време“.
Џек потоа продолжил да објаснува дека верува дека може да добие било која девојка, но повеќето „жешки пилиња и онака се зафатени“.

Џејн веднаш се соочила со нејзиниот сопруг, кој бил огорчен и ѝ објаснил дека само се обидувал да се чувствува подобро во тоа време. Мајката на три деца рече дека нејзината самодоверба е уништена и дека доколку ги нашла пораките порано, ќе го оставела.
„Поминав низ неговите пораки за да видам со кого разговара. Тој и неговиот пријател не праќаат пораки толку често, па морав само да скролувам наназад околу десет пораки. Тој имаше напишано дека ме користи за моите пари, дека сум грда и дека нема да има секс со мене. Беше прилично лошо. Беше многу шокантно. Бев уништена. Беше вознемирен, беше прилично вознемирен и се извини. Тој рече дека се чувствувал лошо за себе во тоа време и дека сакал да направи да се чувствува подобро. Не знам како ќе продолжам понатаму. Јас сум повредена од тоа. Ме нарекува убава, но јас не му верувам. Тоа ми ја наруши самодовербата. Имам синдром на грдо пајче. Секогаш ќе мислам дека изгледам навистина лошо. Ќе го оставев ако ги најдов пораките на почетокот. Морам да се обидам да поминам преку ова, седум години подоцна и ние сме во брак. Да беше некоја друга на мое место би ѝ рекла да си замине, затоа што да го знаев тогаш она што го знам сега, немаше да бидам со него. Немаше да заглавам низ толку многу работи“

Двојката се запознала кога Џејн работела во самопослуга каде Џек бил редовен клиент. Таа вели дека речиси веднаш се вселиле заедно и мислела дека врската оди добро во моментот кога Џек ги испраќал пораките.
Џејн рече: „Мислев дека имаме добра врска. Не разбирам ништо од тоа. Тој беше толку добар со мене и благодарен за се што направив. Тој беше прилично љубезен. Но се чини дека нашата врска е заснована на лага. Тој не се однесуваше со мене така. Тој не беше личноста што беше кога бевме заедно, беше сладок и ласкав. Очигледно тој е поинаков човек за мене отколку за неговите пријатели и тоа е збркано. Бракот му значи многу и рече дека никогаш нема да се ожени освен ако не е некој навистина посебен, но не верувам во ништо што ми кажува сега. Тој може да ми кажува едно, а на другите луѓе друго“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно