„Го тргнав погледот од моето дете само на една минута – бев шокирана кога го видов што прави“

Мфо Рамбувани, 30-годишна мајка од Јоханесбург, Јужна Африка, доживеала вистински шок кога влегла во дневната соба и го затекнала својот двегодишен син, Муриса, како го премачкува целиот кожен кауч со крема за егзема. Малиот палавко, за време на неколкуминутното невнимание на мајка му, успеал да испразни цела туба крема и да ја намачка по каучот, оставајќи бел слој на сјајната кожа.

 

 

Кога Мфо влегла во собата, Муриса бил „фатен на дело“. Наместо да престане, тој продолжил да ја втрива кремата во каучот, игнорирајќи ги извикувањата на мајка си.

„Не можев да верувам што гледам. Каучот беше како нов, а јас само што се оддалечив на неколку минути“, раскажува Мфо.

Таа додава дека каучот, на нејзина среќа, не бил трајно оштетен, но процесот на чистење бил вистинска ноќна мора.

 

 

„Бев лута, а на неговото лице се гледаше виновен израз. Беше шокиран што го фатив на дело и не знаеше што да прави. Успеав да го спасам каучот, но ми требаше многу време да ја отстранам кремата“.

По 2 години поминати од инцидентот, сега оваа случка останува смешна анегдота, а каучот е се уште во нивната дневна.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *