Го тужел ресторанот затоа што се опијанил, а исходот ќе нѐ натера да порачаме уште една пијачка

Човек од Тексас, САД, освои милиони откако тврдеше дека е вина на ресторанот што бил толку пијан.

Тужбата дојде како резултат на тоа што човекот се степал на паркингот пред ресторанот со друг гостин.

Даниел Ролс завршил со повреда во расправијата, а тужбата тврдеше дека е вина на Мексиканскиот скара-бар Ла Фогата што „продолжиле да им служат алкохол и ги оставиле двајцата да заминат заедно“.

Човекот од Тексас е награден со неверојатни 5,5 милиони долари.

Ролс влегол во физичка пресметка со Роберт Хенриксон, и тврди дека тој му нанел повреда на главата.

Тужбата го обвини шанкерот дека не бил адекватно обучен за да увиди кога на гостите им било доволно алкохол. Ролс, исто така, тврди дека ресторанот требало да се осигура дека паркингот е безбеден од се што може да „претставува опасност од сопнување или паѓање на пијани лица“.

Според тужбата, повредата на главата на Ролс била „сериозна и исцрпувачка“ и била предизвикана не само од Хенриксон, туку и од „нерамномерен паркинг“.