Го тужел шефот и добил 450.000 долари оштета, затоа што шефот му организирал роденденска забава на работа
Уште кога Кевин Берлинг се вработил му кажал на својот шеф дека не сака изненадувања на работа, затоа што му предизвикувале несакан стрес и напади на паника. Шефот тоа не го зел здраво за готово, па по 10 месеци работење, задоволен од работата на Кевин, решил да го изненади со неочекувана роденденска забава во фирмата.
Резултатот: Кевин добил силен напад на паника и веднаш побегнал кон својот автомобил. Наредниот ден шефот го повикал во канцеларијата и го казнил затоа што „ги навредил колегите“ и „се однесувал како мало девојче“. Доволна причина за напад на паника број два, по што добил и отказ од работа.
Кевин поднел тужба за дискриминација поради инвалидитет, а судијата целосно се согласил: 300.000 долари за емоционална вознемиреност, 120.000 долари за заостанати плати и дополнителни 30.000 долари за судски трошоци.
