„Го учите детето да биде силеџија!“ – Мајка НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ дека нејзината ќерка која малтретирала девојче во училиште сега трпи последици
Мајка го поканила целиот клас на 7-миот роденден на нејзината ќерка освен девојчето што ја малтретирало. На Reddit , 28-годишната мајка рече дека нејзината ќерка Пејтон била возбудена поради нејзиниот седми роденден следниот месец и дека биле поканети 20 деца.
„Ученичката што не ја поканивме ја малтретираше неколку пати, дури имавме состаноци со училиштето и родителите. A мајката на девојчето не дека нешто се потруди до сега тоа да се смени. Па очигледно Пејтон не го сака ова дете на нејзината забава“, напишала мајката.
Мајката на насилничката не можела да прифати дека ќерка ѝ не е поканета и стапила во контакт со мајката на Пејтон во обид да добие покана
„Мајката на другото девојче ми се јави да разговарам за тоа, велејќи како сега нејзината ќерка плаче, таа е единственото дете кое не е покането и сите на училиште зборуваат за забавата. За забавите на Пејтон, нејзините соученици знаат дека се многу „над врвот“, напишала мајката.
Но мајката не сакала да се откаже и ја прашала дали може нејзината ќерка да се извини и да ѝ напише писмо на Пејтон, па да ја преиспитаат одлуката. Мајката одбила и тоа станало голема работа секој пат од кога ќе се сретне со мајката на другото девојче. Па на крајот се одлучила и да ја нападне.
„Им објаснив дека нејзината ќерка не е добра со ќерка ми и затоа не беше поканета (мајката го знае ова). Мајката ме нападна и рече дека го учам моето дете да биде „силеџија“ и да го користи своето богатство за да се дружи. Не се согласив“.

Откако ја сподели ситуацијата, таа праша „дали јас сум лошата?“, а мнозинството беа на нејзина страна.
„Твојата ќерка има целосно право да се чувствува безбедно на својата забава“, коментира едно лице.
„Ја учите вашата ќерка да поставува граници кога некој е злобен, а ја учите нејзината ќерка дека постапките имаат последици“, рече друг.
Третиот додаде: „Нејзиното дете го малтретираше твоето, па секако Пејтон не ја сака таму. Ова е одлично време за мајките да г научат насилниците дека постапките имаат последици“.
Друг рече: „Присилното извинување не е корисно во ниту една ситуација. Другата мајка треба да продолжи понатаму“.

Коментирај анонимно