Голда Меир, првата „железна дама“ која на денешен ден влезе во историјата
Меир е родена како Голда Мабович на 3 мај 1898 година во Киев, Украина (тогаш дел од Русија). Таа е едно од осумте деца родени на Моше и Блуме Мабович. Ова тврдоглаво девојче стана дел од историјата на многу зрела возраст.

Таа уште од дете била сведок за протерувањето на Евреите и обесправувањето на жените, но секогаш се борела и уште како тинејџерка додека живеела во САД со своето семејство учествувала на разни протести.
Нејзиниот сопруг Морис Маерсон верувал во нејзиниот сон дека ќе направи промена и заедно се преселиле во Израел, откако таа завршила училиште за учителка, но сакала да успее како политичар. Три години живееле во Тел Авив, каде што таа го родила своето прво дете Менахем, а кога се преселиле во Ерусалим го родила и второто дете, Сара.

Таа станува секретар на Женскиот совет за труд, но за жал полека се разделува од сопругот и иако никогаш официјално не се развеле тие живееле во различни градови. Голда многу патувала и постојано била на релација САД-Израел. Таа се кандидирала и за градоначалник на Тел Авивв, но не била избрана затоа што имало многу машки членови кои не сакале да поддржат жена.

Во 1963 година била дијагностицирана со рак и кога сите мислеле дека ова е крајот на нејзината кариера, Голда ги изненадила. Таа станува генерален секретар на нејзината партија, Мапаи, со цел да помогне во обединувањето на различните фрагменти од движењето на Лабуристичката партија во обединета алијанса / порамнување на лабуристичката партија. „Тоа беше единствената молба“, пишува таа, „што не можев да ја одбијам“. И тука не застанале нејзините апетити.

Меир била избрана за премиер на Израел на 17 март 1969 година, откако била министер за труд и надворешни работи. Таа била првата жена премиер на Израел и четвртата жена во светот со таа функција. Оваа жена била опишувана како „Железна дама“ во израелската политика пред истиот епитет да биде наметнат за британската премиерка Маргарет Тачер.

Во 1969 година и раните 1970-ти, Меир се состанала со многу светски лидери за да ја промовира својата визија за мир на Блискиот исток, вклучувајќи ги Ричард Никсон (1969), Николае Чаушеску (1972) и папата Павле Шести (1973).
Меир поднела оставка од функцијата премиер на Израел во 1974 година, една година по завршувањето на Јомкипурската војна. Починала во 1978 година на 80 години од лимфом.
