Голем пробив: 10 пациенти целосно излечени од дијабетес тип 1 со нов лек
Десет лица со дијабетес тип 1 се целосно излечени по револуционерна терапија со матични клетки – што претставува значаен чекор кон конечно одобрување на лекот од страна на американската агенција за храна и лекови (FDA). Една година по третманот со лекот наречен Zimislecel, 10 од 12 пациенти повеќе не мораат да користат инсулин, а останатите двајца имаат значително намалена потреба од него.
Терапијата користи генетски модифицирани матични клетки за да станат панкреасни „острвца клетки“ — специјализирани клетки кои лачат хормони за регулирање на шеќерот во крвта. Откако се инјектираат, клетките патуваат до црниот дроб, каде се имплантираат и почнуваат да произведуваат инсулин — нешто што телото на пациентите претходно не можело да го прави.
Од живот со инсулин до целосна слобода
Пациентите што учествувале во студијата биле лица со компликација наречена хипогликемиска неосетливост — состојба при која не можат да ги почувствуваат знаците на ниско ниво на шеќер, како што се тремор или потење, што може да доведе до несвестица, напади или дури смрт. Кај сите пациенти по терапијата се забележани значителни подобрувања: намалени шокови по оброци, стабилизирани нивоа на шеќер и над 93% време поминато во нормални граници на гликоза.
Пациентите сепак мораа да земаат имуносупресивни лекови за да се спречи телото да ги одбие новите клетки. Но дури и со тоа, резултатите се неверојатни. Една од пациентките, Аманда Смит (36) од Лондон, по шест месеци веќе не користела инсулин. „Ова е како целосно нов живот“, изјавила таа.
25 години истражување водат до „функционален лек“
Иако досега овие клетки се земаа од починати донори, сега се развиени лабораториски — што овозможува постојан и достапен извор на клетки, без потреба од органи. Научниците веруваат дека ова е првпат биолошка замена да се даде на пациенти со дијабетес тип 1 преку еден безбеден и ефикасен третман.
Терапијата е резултат на 25-годишно истражување, започнато од татко на дете со дијабетес, кој дал завет да пронајде лек. Првиот пациент ја прими терапијата во 2021 година и беше излечен, иако почина подоцна од деменција, состојба која ја имал и пред третманот.
Научниците веруваат дека во следните 5 до 10 години лекот би можел да се прима и без имуносупресивни лекови, што значи уште побезбеден пристап за милиони. Досегашните резултати, објавени во престижниот New England Journal of Medicine, веќе го отворија патот за надежна иднина за сите со дијабетес тип 1.
првпат слушам за џигер кој лачи инсулин…. мислев дека панкеасот лачи инсулин а дека црниот дроб е филтер на организмот
абе па ти па, тука се во близина
Коментирај анонимно