Големата мечка која е двојно подебела од што би требало, ја мрази својата нова диета и тоа добро се гледа

Го знаете тоа чувство кога штотуку сте започнале нова диета и не можете да престанете да размислувате за вкусната храна која би можеле да ја јадете доколку не требаше да ослабнете?

И тогаш, заради тоа, секое парче здрава храна што влегува во устата – било да е тоа свежо подготвена салата или прекрасна зрела банана има ужасен вкус затоа што во тој момент замислувате 100 други работи кои би ви биле повкусни.

Епа токму така размислува и дебелиот мечок Дилан, која минатиот месец беше спасена од страна на The Wild Animal Sanctuary во Колорадо и веднаш бил ставен на диета затоа што бил двојно поголем од нормалното. Дилан го поминал својот живот во мало затворено живеалиште во зоолошката градина покрај патот во Пенсилванија. Без простор за вежбање, па дури и движење мечокот се здебелил.

Вишокот тежина му предизвикал проблеми со здравјето. Неговите спасувачи се решени да му помогнат да ја намали вишокот тежина, хранејќи го со свежо овошје и зеленчук и обидувајќи се да го натераат да вежба – иако Дилан не е премногу заинтересиран за ниту една од овие нови опции. Тој не сака да се движи и преферира да си спие по цел ден, а според изразот на лицето храната му е „смрт“.