Големите луѓе во лошо се препознаваат: Оваа медицинска сестра жртвуваше дел од својот „најсреќен ден“ за да ѝ помогне на непозната жена

Рејчел Тејлор (22) и нејзиниот нов сопруг, 23-годишниот Калвин, се движеле дома од нивниот голем ден кога биле сведоци на сообраќајна несреќа.

Автомобил кој се движел удрил во два автомобила, кои веќе се судриле. Парот веднаш сфатил дека жена стоела помеѓу автомобилите кога третиот автомобил се судрил и Рејчел без размислување тргнала во акција.

Повредената жена, именувана како Тамара Петерсон, била на местото на настанот бидејќи нејзиниот син бил во еден од првите автомобили што се судриле. Сè уште во нејзината венчаница, Рејчел помогнала да ја тргнал жената од улицата, одржувајќи ја стабилна и смирена додека да дојде брзата помош.

22-годишната жена успеа да ја смири повредената жена додека ја увери дека ќе биде во ред, благодарение на некои техники што ги научила во училиштето за медицински сестри. Кога пристигнале болничарите, Рејчел ѝ објаснила на Тамара што се случува преведувајќи ја медицинската здравствена состојба и уверувајќи ја дека се ќе биде во ред.

„Таа беше прекрасна и помогна да ми го спасат животот, одржувајќи ме смирена и фокусирана. Таа сигурно е надарен ангел и го одбрала вистинскиот пат во кариерата.“, вели Тамара.

Сопругот на Рејчел направил фотографија и ја објавил на Фејсбук пишувајќи: „Мојата невеста, рок ѕвезда. Ја држеше најмалку 15 минути додека не ја ставија на носила.“

Тамара се надева дека откако ќе се опорави ќе може повторно да се види со младиот брачен пар и дека ќе станат добри пријатели.