Големо браво за дечкото што го исфрли другар му од автомобилот поради невкусна „шега“

85% од жените во САД доживуваат вознемирување на улица пред да наполнат 17 години, според  истражување на непрофитна организација. Шокантните бројки откриваат дека малтретирањето на улиците е сериозно и дека сепак, сè уште е вообичаено нормализирано во нашето општество.

Многумина сметаат дека „свиркање и довикување“ се најраспространета форма на улично вознемирување, но за жал многу од вознемирувачите сметаат дека тоа е само шега и не се свесни за последиците кои тие делa ги оставаат врз жените.

Еден интернет корисник ја сподели оваа кратка приказна и побара од останатите да му дадат мислење за постапките.

  • Се возев дома од теретана заедно со неколку пријатели и до нас поминаа две девојки. Мојот пријател го отвори прозорот и им викна на девојките нешто како: „Многу си згодна, крени ја маицата да ни покажеш нешто повеќе“. Почнав да возам побрзо и свртев на еден паркинг, му кажав веднаш да излезе од автомобилот. Тој мислеше дека се шегувам и одби да излезе. Му се заканив дека ако не излезе сам, јас ќе го извлечкам надвор па тој немаше избор и на крај излезе. Го оставив да си оди пеш, а останатите пријатели кои беа во колата не ме подржаа во мојата одлука. Кога дојдов дома се јавив да видам дали стигнал и му кажав никогаш да не прави такви работи пред мене затоа што следен пат ќе биде полошо. Моите пријатели сe` уште ми се лути, но јас мислам дека постапив правилно.

Интернет корисниците ширум светот се согласија и го поздравија потегот на дечкото со многу од нив велејќи дека „на светот треба да има повеќе вакви луѓе“. Многу од поддржувачите беа жени кои му се заблагодарија на момчето бидејќи и тие самите биле жртви на вознемирување на улица поради кои „до ден денес им е страв да шетаат сами“.