Google Street View слика им помогна на полицајците да фатат убиец: Се гледа како става мртво тело во багажникот! | Мотика

Google Street View слика им помогна на полицајците да фатат убиец: Се гледа како става мртво тело во багажникот!

Осомничен за убиство е уапсен откако слика на Google Street View го покажала како става голем џак во багажникот на автомобил. Шокантната фотографија го прикажува мажот како се наведнува над автомобил Rover и покрива бел џак што изгледа како да е преполн.

Двајца луѓе се уапсени под сомнение за убиство.

 

Полицијата изјави дека сликите на Google помогнале во истрагата за 33-годишен маж кој се води како исчезнат од ноември 2023 година. Фотографиите биле направени во Тахуеко, мало место со популација од 56 жители, во северната шпанска провинција Сорија.

Полицијата изјави дека Google Maps бил „еден од доказите што им помогнале на истражувачите да го решат случајот“. Тие додале дека снимките помогнале „да се идентификува возило што можеби било користено за време на извршувањето на злосторството“.

 

Апликацијата Google им овозможува на корисниците да гледаат слики од улици низ светот, снимени од автомобили со монтирани камери. Текстуални пораки и други докази довеле до апсење на две лица под сомнение за убиство и расчленување на кубански маж, според шпанските медиуми.

Истрагата започнала кога роднина го пријавил исчезнувањето на мажот, откако добил пораки во кои пишувало дека исчезнатиот нашол нов партнер, планира да ја напушти областа и ќе го фрли својот телефон. Членот на семејството се посомневал дека пораките не ги испратил исчезнатиот.

Жена, за која се смета дека била љубовница на жртвата, и маж, кој претходно бил во врска со неа, биле уапсени во ноември. Полицијата пронашла човечки останки, вклучувајќи и труп во напредна фаза на распаѓање, закопани на гробишта во град во Сорија.

Полицијата соопштила дека останките можеби му припаѓаат на исчезнатиот маж. Осомничените се задржани во притвор, а истрагата продолжува. Ова е првпат за 15 години автомобилот на Google да дојде во Тахуеко.

Еден локален жител кој ги видел снимките изјавил: „Никогаш не би помислиле дека прави нешто лошо и не ни обрнавме внимание.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Жарко Г. напиша:

    А, што беше тоа “ЏАК”?!
    Ова го/ја прашувам “препаметната’ или поточно ГЛУПАВА креатура од Мотика која го/ја пишувала или препишувал/а текстот.
    Ако не знаеш тоа твоето ЏАК кај нас во Македонија се вика ВРЕЌА. РАЗБРА?!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *