„Гошители“ се најдепресивните места во Јужна Кореја и еден фотограф го опфати животот во нив
За странците, Јужна Кореја е позната по својата напредна технологија, импресивни облакодери, вкусна храна и чесна традиција.
Сепак, постои страна на земјата што посетителите ретко ја гледаат, како што се „Гошители“. Тоа се екстремно мали, тесни и евтини станови каде што живеат сиромашните во Јужна Кореја.
Јужнокорејскиот фотограф Сим Кју Донг поминал околу 5 години во Гошител во Сеул, кога се преселил таму за работа и со својата камера ги документирал животите на луѓето таму. Фотографот немал друг избор бидејќи таму киријата е најевтина и нема тршоци за одржување.
Цените во Сеул можат да бидат неверојатно високи па фотографот вели дека бил среќен што можел да изнајми соба за околу 170 евра во Гошител. Во зависност од областа, киријата за еден месец во Гошивон или Гошител може да биде скоро двојно повеќе отколку на некои места.
Собите во Гошител обично имаат кревет, биро и плакар за облека, но сè друго е споделено со другите жители. Квалитетот на живеење во Гошител е прилично лош дури и ако има некои основни работи. Најголем дел од луѓето кои живеат таму повеќе од 1 година стануваа депресивни, вклучувајќи го и фотографот .