Готвач работел на Божиќ иако добил на лото над 1 милион евра
Божиќниот и новогодишниот период се периоди на мрзеливост, тогаш сите размислуваат за славење и ретко кој сака да размислува за работа, особено ако финансиски немате потреба од тоа. Но сепак 36-годишниот Пиргас, готвач која освои 1 милион фунти на лотарија, решил да се појави на работа на божиќното утро.
Пиргс, кој е по потекло од Латвија, преку онлајн лото одби сума која му го промени животот само 4 дена пред големиот католички празник. Тој бил на паузата за ручек кога решил да игра онлајн игра на Национална лотарија.
За изненадување на сите, наместо да резервира лет за Карибите и да ужива со коктел во рака Пиргс отишол на работа за да си ја заврши обврската.
Пиргс кој е самохран татко и пристигнал во Британија пред 9 години вели дека со парите сака на својот син да му го обезбеди животот кој го заслужува. Тој не можел да поверува во својата победа, па ја прашал и шефицата дали навистина освоил над 1 милион евра.
По неверојатната добивка вредниот готвач купил куќа од четири спални соби и слушалки за неговиот син за Божиќ. Тие претходно живееле во апартман над самиот паб. Тој покажува неверојатно ниво на воздржаност и вели дека сака да ја „впие“ целата ситуација и не сака да почне да троши „лудо“.